Објавено на:

Апокалиптични бројки: За само 50 години угинале дури 68% цицачи, птици, риби, водоземци и влекачи

t

Светската организација за заштита на природата, по повод Светскиот ден на дивиот свет- 3 март, потсети на важноста да се заштитат растенијата и животните за зачувување на планетата.

– Причините за намалување на биодиверзитетот се многубројни, ги вклучуваат деградација на природните живеалишта, прекумерно користење природни ресурси, климатски промени, како и незаконити трговија и убивање на дивите видови.

Последниот извештај за животот на планетата на Светската организација за заштита на природата, ни покажува дека во последните 50 години, популацијата на цицачи, птици, риби, водоземци и влекачи се намали за дури 68 проценти, изјави претставничката на Светската организација за заштита на природата Адрија, Ива Свилар.

Поради тоа, како што наведе Свилар, е важна грижата за дивиот свет и нивните живеалишта.

Свилар нагласи дека заканата за дивиот свет е злосторство против природата, што вклучува незаконити лов и риболов, убивање заштитени видови, незаконити трговија и криумчарење, како и незаконито фаќање и поседување диви животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Националниот парк Шар Планина бара од Владата…

Националниот парк Шар Планина до Владата испрати…

Производството на омилената храна на милиони луѓе…

Овој податок можеби ќе ги налути љубителите…

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот…

На седницата за потпретседател на Градскиот еко…

Голгота: На животните во Украина им даваат…

Војната не ги направи бегалци само Украинците,…

Апокалиптични бројки: За само 50 години угинале…

Светската организација за заштита на природата, по…