Воената операција во Украина ги “летна” цените во Вселената: Огромен скок на вредноста на паладиумот, платината и уште неколку метали и суровини

t

Специјалната воена операција во Украина стана најважниот фактор што влијае на движењата на финансискиот пазар. Цената на златото е блиску до историскиот максимум, бидејќи се повеќе инвеститори се свртуваат кон овој благороден метал, кој се смета за сигурна инвестиција која ја задржува својата вредности во време на криза.

Покрај златото, во пораст се и цените на суровата нафта, среброто, паладиумот, платината и гасот.

Паладиумот достигна највисока цена во последните шест месеци бидејќи Русија е најголемиот светски производител на паладиум. Извозот на овој исклучително благороден метал најверојатно ќе се соочи со слични проблеми како и извозот на енергија. Слично е и со платината, чија цена исто така забрзано расте, бидејќи Русија е на второто место по производство во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…