Вашингтон објасни зошто нема да забранат летови над украинското небо
САД немаат намера да воспостават зона на забранети летови над Украина, бидејќи постои опасност од избивање на војна со Русија, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
„Воспоставувањето зона на забранети летови, во суштина, ќе бара од американските војници да соборат руски авиони, што би предизвикало директен вооружен конфликт со Русија. И токму тоа сакаме да го избегнеме“, рече Псаки.
Таа нагласи дека САД не размислуваат за чекори во контекст на Украина кои би ги довеле во директен конфликт со Русија.
Псаки истакна дека САД ќе продолжат да обезбедуваат воена помош за Украина, „која само се зголеми во последните денови“.
Таа рече и дека во моментов нема можност за планирање нови контакти со Москва на ниво на државни лидери, додека руските сили се на територијата на Украина.
Претходно, претседателот на Украина, Владимир Зеленски, апелираше до Западот да го затвори небото над Украина во светло на руската воена операција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…