Објавено на:

(Фото) Карикатура од „Шарли Ебдо“ го претстави Путин како мајмун со микропенис

t

Телевизискиот канал „Nexta“ ја објави насловната страница на новиот број на познатиот француски сатиричен магазин „Шарли Ебдо“.

Насловната страница се однесува на тековната руска инвазија на Украина Која влезе во седмиот ден, a карикатуристите на Charlie Hebdo го прикажаа Путин со огромно тело и микро пенис, под кој стои уред за активирање нуклеарно оружје.

„На пат кон 21 век“, пишува на насловната страница објавена на Твитер.

Насловната е објавена вчера на Твитер, а веднаш почна да се споделува и коментира на таа социјална мрежа. Бројни твитерџии се согласуваат дека Charlie Hebdo погодил кој е најголемиот проблем на Путин.

„Шарли ебдо“ на насловната објави и интервју со експерт за Русија. По објавувањето на насловната следеа бројни коментари.

„Пуштете го ова на мегафон на руски конвој заглавен во калта“, напиша еден корисник.

Еден корисник напиша „суптилно“ во коментар, на што друг одговори: „Искрено, во споредба со она што го направија, тоа е многу суптилно“.

„Толку вистинито“ и „многу соодветно“ се меѓу другите коментари, додека еден корисник истакна дека „тоа сатиризира дел од демократијата“, потсетувајќи на нападите врз „Шарли ебдо“ поради нивните претходни карикатури.

Магазинот „Шарли Ебдо“ е познат по своите сатирични цртежи, кои постојано беа насочени кон напади по објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед, вклучително и онаа во јануари 2015 година, кога двајца исламисти влегоа во редакцијата и убија 12 лица.

Во неделата Путин и нареди на воената команда да ги стави силите за нуклеарно одвраќање во состојба на готовност „по агресивните изјави на земјите од НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…