(Фото галерија) Бомба од Русија: Во Украина се произведувало биолошко оружје – Видете ги деталите
Документите, кои руската страна ги добила од вработените во украинските биолошки лаборатории, потврдуваат дека компонентите на биолошкото оружје се развиени во Украина во непосредна близина на Русија, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Добиените документи потврдуваат дека развојот на компонентите на биолошкото оружје е извршен во украински биолошки лаборатории, во непосредна близина на руска територија“, рече Конашенков.
Според него, Киев итно ги прикрил трагите од воено-биолошката програма што се спроведува во Украина и која ја финансира Пентагон.
“Докази за итно уништување на траги од воено-биолошката програма што ја спроведува во Украина режимот во Киев, а која ја финансира Министерството за одбрана на САД, соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството за одбрана на Руската Федерација го објави упатството на Министерството за здравство на Украина за уништување на патогени и акти на уништување во биолошките лаборатории на Полтава и Харков.
Вработените во украинските биолошки лаборатории на 24 февруари доставија документи за уништување на особено опасните причинители на чума и антракс.” – стои во описот на документите кои ги објави РИА Новости.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…