(Видео) Македонец со двегодишно дете е заглавен во Украина: Ракети може да ни се срушат на глава во секој момент

t

Во Тешки муабети вечерва има двајца гости, едниот е Игор кој е по потекло од Велес, а моментално живее во Украина. Игор е Македонец кој е женет со Украинка и има две годишно дете.

Тој објасни дека заедно со сопругата пробале да живеат во Велес но немале доволно добрар стандард, поради што се преселиле во Украина. Игор вели дека ќе се врати најпрво во Македонија, но не би сакал да живее тука, дека многу веројатно ќе се пресели некаде на Запад.

“Има доста грмење но не се гледа ништо се уште. Живеам во село Заземја, североисточно од Киев, кај Бровари кадешто се води сега битка. Русите се веќе на почетокот на шумата, гаѓаат со ракети и Русите и Украинците. Опасноста е што може да паднат остатоци од ракети во селото, инаку не сме ние стратешко место.

Мене ми ветуваа денеска дека со комбиња ќе не вратат во Македонија. Никој не ги споменува Чеченците, не руската војска туку од нив стравот е голем, дека ќе ограбуваат куќи.

Жена ми ја запознав во Кипар, жена ми е Украинка, туристички водич. Пробавме да живееме во Велес, утепан град и дојдовме тука, сега Русинот ме брка.

Денеска ме контактираше и амбасадорот, кажа дека се наоѓа во Романија, се понуди да дојде до граница да не земе. Ние сме на 800 километри од границата кадешто треба да стасаме, во нормални услови патот е 12 саати.” – вели Игор.

Следете не во живо на следниот линк: https://fb.watch/bAQ6kHMRR2/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот советник за национална безбедност: Не очекувам…

Новиот пакет воена помош за Украина, кој…

Зеленски: Бог има украинско знаме на рамото

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велигден ги…

Макрон: Ако победи Русија, следната секунда не…

Способностите и дострелот на руските балистички ракети…

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција…

Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, истакна…

Зеленски забрани натамошно повлекување на армијата, го…

Во наредните денови Украинците треба да бидат…