Русија нема да присуствува на сослушувањето на Високиот суд на ОН за ситуацијата во Украина
Русија денеска одби да присуствува на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.
„Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки“, рече претседателката Џоан Доногју.
Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето.
Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…