Урнебесна герила акција на УМС: Ги пријавуваме градоначалниците на СДСМ за исчезнати – последен пат се видени на 17 и 31 октомви на пат кон нивните општини
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денес со урнебесна герила акција ги побара “изгубените” градоначалници од СДСМ. Велат сите се облечени во темно сако со црни кожени чевли, а последен пат биле видени на 17 и 31 октомври како се упатуваат секој кон својата општина.
Еве што напиша Унијата на млади сили на Фејсбук:
“Почитувани граѓани, Постапуваме како секој совесен жител на општината и ги пријавуваме за исчезнати следниве грачоначалници: Костадин Костадинов од Струмица, Горан Герасимовски од Центар, Драган Анастасов од Пробиштип, Томе Христоски од Крушево, Горан Трајковски од Делчево, Сашко Митовски од Крива Паланка, Стојан Николов од Росоман, Звонко Пекевски од Берово, Анго Ангов од Дојран, Блажо Шапов од Богданци, Сашко Комненовиќ од Чучер Сандево.
Се верува дека се тргнати кон своите општини на 17ти октомври и 31ви октомври 2021 година, облечени во скапи одела и кожни чевли. Како загрижени граѓани на поединечните општини упатуваме апел за да ги најдеме нашите изгубени градоначалници, затоа што ситуацијата не загрижува.
Од деновите од кои им се губи секаква трага, никој од нашите општински сограѓани ниту ги видел ниту ги слушнал, а истите станале недостапни за граѓаните. Доколку ги најдеме би ги потсетиле дека се градоначалници на своите општини, со ветени програми, коишто треба да се исполнат.
Додека градоначалниците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ секојдневно нижат проекти, овие наши “изгубени” градоначалници некаде уживаат во своите фотелји без никаква грижа за своите граѓани. Можеби ќе ги видиме некогаш кога ќе треба да се даде некоја неиздржана критика кон ВМРО – ДПМНЕ, а дотогаш, Ве замолуваме доколку имате било каква информација да пријавете!
Со почит,УМС на ВМРО – ДПМНЕ.” – стои во фејсбук статусот.
Линк до Фејсбук статусот: <a href="http://<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FUMSVMRODPMNE%2Fposts%2F529347781895896&show_text=true&width=500" width="500" height="717" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share">http://<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FUMSVMRODPMNE%2Fposts%2F529347781895896&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”717″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миноски: Системската неправда ја руши довербата во…
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, во…
Полициска акција во Скопје: За 8 часа…
Полицијата за 8 часа санкционирала 105 возачи…
Филипче: Како да задржиме млад човек во…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
ДУИ објави уште неколку кандидати за градоначалници,…
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),…
Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…
Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…