Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство – Се укинуваат сертификатите во одредени објекти
Владата на денешната седница одлучи да ги усвои препораките од Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид-19, а коишто препораки претходно произлегоа и од седниците на Комисијата за заразни болести.
Олеснетите мерки значат:
-Укинување на ковид-сертификатите за влез во трговските центри/молови, но како мерка останува задолжителното носење заштитни маски. Меѓутоа сертификатите остануваат задолжителни за угостителските објекти каде се служат храна и пијалаци, а кои се во состав на трговските центри;
-Потврдата за прележан ковид-19 ќе важи 180 дена (6 месеци) наместо досегашните 45 дена, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест;
-Укинување на задолжителен ковид-сертификат за излез од државата;
-Укинување на одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство. Паралелно, прифатена е пораката бремените жени да се вакцинираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како секоја власт системски го стимулира…
Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
Илјадници жени денес излегуваат на улиците низ…
Под глобалното мото на Обединетите нации за…
Само 8 проценти од Ромките се вработени,…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Над 50% од жените се економски неактивни…
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат…
Жените во Иран добија дозвола да возат…
Првиот потпретседател на Иран, Мохамад Реза Ареф,…