(Фото+видео) Со експлозиви нападната белоруската амбасада во Рим – видете ги деталите
Спутник објави фотографии кои до медиумот ги доставила белоруската амбасада во Рим, а на кои се гледаат остатоци од експлозиви и искршени стакла и предмети во зградата на амбасадата.
Нема информации дали нападот е како резултат на соработката на Белорусија со Русија за нејзината специјална воена операција во Украина.
Ваквиот напад на дипломатско претставништво е недозволен во меѓународното право кое определува дека териториите на дипломатските претставништва се сметаат како територии на државите од кои доаѓаат ( во случајов Белорусија) според принципот на екстериторијалност.
Дипломатите и вработените во амбасадата се безбедни, а била предизвикана само материјална штета – информираат од амбасадата.
Сепак ваквата повреда на дипломатско претставништво може да доведе до сериозно нарушување на односите меѓу Белорусија и Италија која била должна да ја заштити зградата на амбасадата и дипломатите и вработените во неа.
Погледнете го видеото во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Полска започна операција на границата со Белорусија
Полска ја започна операцијата „Безбедна подласие“ на…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…