Ковачевски објави: Во Македонија ќе се градат гасни централи – има заинтересирани странски компании
„Во план е изградба на гасна централа, за што ќе има понуди од странски ивеститори, а Владата ја разгледува и можноста за трансформација на постојните термоелектрани во гасни електрани“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека ваквите проекти треба да бидат разгледани од стручни лица, но дека странските кредитори веќе не финансираат извори на енергија кои загадуваат.
Во втора фаза е и историскиот проект Чебрен, за кој има реномирани меѓународни фирми кои испратија понуди. Во тек се анализите, а имаме девет големи светски компании кои се заинтересирани за проектот, рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека службите прават се што е потребно за овој проект да успее и да влезе во фаза на проектирање и изградба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…