Османи на средба со Чавушоглу во Анталија

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува во Анталија, Турција.

Како што соопшти МНР, министрите се согласија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, а оваа година кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, јубилејот дава можност да се погледне наназад и да се сумираат досегашните резултати.

На средбата стана збор и за руско-украинскиот конфликт при што Османи посочи дека високо ги цени напорите на министерот Чавушоглу во посредувањето меѓу овие две земји за да се изнајде решение за воената криза. Како НАТО сојузници ние сме силни, одлучни и обединети околу ова прашање, заклучија двајцата министри.

-Од најголема важност е да запрат страдањата на луѓето во Украина. Како членка на Тројката на ОБСЕ, ние сме подготвени да придонесеме на кој било начин за да помогнеме, истакна Османи.

На средбата, особено внимание беше посветено на исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји, при што министрите се обврзаа на активности кои ќе придонесат кон продлабочување на деловните и трговски врски, а Турција како еден од најголемите странски инвеститори во земјата е од посебен наш интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе го одбележи учеството на македонски…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и шпанскиот премиер Педро…

МВР со детали за сообраќајката во која…

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера…

СДСМ поднесува 160 амандмани за стандардот на…

„Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен…

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра…

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола…

“Никогаш повеќе нема да го посетам ова…

Во Грција во летниот период е активно…