Поранешен американски генерал: Бомбардирањето на Југославија е различно од ситуацијата во Украина – Македонските безбедносни служби да бидат будни заради руското влијание
Пензионираниот американски генерал и поранешен врховен командант на европските силите на НАТО за време на бомбардирањето на Сојузничките сили кои траеа од крајот на март до почетокот на јуни 1999 година врз Сојузна Република Југославија (СРЈ), Весли Кларк, смета дека нема паралели меѓу бомбардирањето на НАТО во поранешната СРЈ и руската воена акција во Украина.
Во интервју за Гласот на Америка, Кларк вели дека Алијансата почнала воена акција против СРЈ по неколкумесечни преговори со тогашното југословенско раководство, на чело со Слободан Милошевиќ, кои конечно пропаднале во Рамбује во Франција.
Tој вели дека на ова претходеле судири меѓу воено-полициските сили и припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Тоа е сосема различно од она што се случува во Украина. Во таа земја немаше прогон. Русија едноставно ја сака таа земја и дејствува без ограничувања убивајќи цивили. Тоа е воено злосторство, бидејќи Русија се обидува да прегази и контролира една земја или барем целосно да ја промени нејзината сегашна влада. Разочарувачки е да се видат луѓе кои демонстрираат во корист на Русија на улиците во Србија. Тие очигледно не сакаат да ја видат хуманитарната катастрофа што се случува. Или се слабо информирани или, на некој начин, политички мотивирани – вели Кларк.
Тој го поздравува тоа што балканските држави ја поддржале осудата на руската воена акција во Украина.
Можно е Александар Вучиќ и српските власти се уште да бараат среден пат – да ја уживаат поддршката на Русија, но и да се фокусираат на членството во ЕУ и поголема економска интеграција со Европа. Можеби мислеа дека гласањето нема да има големо значење. Резултатот од војната во Украина ќе биде поостра поделба во Европа „и мислам дека Србија ќе треба да одлучи – дали ќе стане изолиран и економски осиромашен претставник на Русија или ќе се приклучи на Западот и ќе напредува – вели Кларк.
Коментирајќи ги „непријателските држави“ објавени од Русија, меѓу кои и Македонија и Црна Гора, Кларк оценува дека тие донекаде се заштитени со тоа што и двете земји се членки на НАТО.
Од друга страна, нивните безбедносни служби треба да бидат будни. Во нив има значително руско влијание, на еден или друг начин, што се остварува преку компании како Гаспром, интереси поврзани со природни или економски ресурси. Ако веруваме во меѓународен поредок заснован на правилата дека споровите треба да се решаваат по мирен пат или дека земјите треба да имаат право да ја изберат својата политичка припадност, тогаш треба да го поддржиме Западот – изјави Кларк.
За него, нема сомнеж дека Русија сака да го маргинализира НАТО, да ја скрши лидерската улога на САД и да ја преземе контролата врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…