Кина ја поддржа Русија во ОН: Меѓународната заедница треба да се загрижи за доказите за биолошкото оружје
Специјална операција на руските вооружени сили во Украина. На барање на Русија, Советот за безбедност почна да заседава на тема воено-биолошки активности на Соединетите Американски Држави во Украина.
Седницата е свикана затоа што Министерството за одбрана на Русија објави документи кои потврдуваат дека САД вршеле експерименти во биолошки лаборатории во Украина, кои, меѓу другото, предвидувале ширење на особено опасни инфекции преку птиците преселници.
Загриженоста на Русија за биолабораториите во Украина треба внимателно да се разгледа, изјави кинескиот претставник во ОН Џанг Јун.
„Сите информации за биолошката активност за воени цели треба да привлечат високо ниво на внимание од меѓународната заедница. Кина со загриженост ги прими информациите дадени од Русија.
„Со цел да се почитува Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје, должност на сите земји е да ја земат предвид загриженоста на Русија“, рече Џун на состанокот на Советот за безбедност на ОН.
Како што рече, директните преговори меѓу Русија и Украина, вклучително и на ниво на министри за надворешни работи, се „позитивни чекори кон постигнување мир“, што светската заедница треба да го поддржи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…
Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…