Објавено на:

Индија размислува да купи ефтина руска нафта

t

Индија ја разгледува можноста да ја прифати руската понуда за нафта и други стоки по намалени цени, со плаќање на трансакции во рупии и рубли, изјавија двајца индиски официјални лица.

Индија задоволува 80 отсто од побарувачката за нафта со увоз, со учество од два до три отсто со руска нафта. Но, цената на нафтата порасна за 40 отсто оваа година, па владата има намера да го зголеми увозот од Русија доколку може да ги намали зголемените трошоци за енергија.

„Русија нуди нафта и други стоки со големи попусти. Ние со задоволство ќе го прифатиме тоа. Мораме да решиме некои проблеми, како што се танкери, осигурување и мешавина. Кога ќе ги решиме, ќе ја прифатиме понудата за попуст“, изјави индискиот владин претставник…

Некои меѓународни трговци ја избегнуваат руската нафта за да не се изложат на санкции наметнати на Москва поради инвазијата на Украина. Индиските функционери, кои сакаа да останат анонимни, не кажаа колку нафта планираат да купат или колкав попуст им е понуден.

Едниот изјавил дека санкциите не го попречуваат индискиот увоз, а другиот дека се работи на механизам за размена со плаќање во рубли и рупии, што ќе се користи за плаќање нафта и други стоки. Министерството за финансии веднаш не одговорило на барањето на западните медиуми да се коментира најавата за купување руска нафта.

Индиската влада очекува увозните трошоци да скокнат во новата фискална година, која започнува во април, за 50 милијарди долари. Во фискалната година, тие веќе ги удвоија трошоците за субвенции, а денеска одобрија дополнителни 149 милијарди индиски рупии (1,94 милијарди долари). Во таква ситуација Њу Делхи размислува за евентуално купување на поевтини суровини од Русија и Белорусија за производство на ѓубрива.

Владата очекува субвенциите за вештачко ѓубриво во новата финансиска година да бидат најмалку 200 до 300 милијарди рупии повеќе од моментално проценетите 1050 милијарди рупии, рекоа двајцата официјални лица. „Ако можеме да добиеме поевтино ѓубриво од Русија, ќе ја прифатиме понудата. Тоа ќе ни олесни дел од нашите фискални проблеми“, рекол еден функционер.

Русија повика, како што рекоа, „пријателските земји“ да ги зачуваат трговските и инвестициските врски. Индија со години соработува со Русија на полето на одбраната и се воздржа од гласање во Обединетите нации за осуда на руската инвазија, но повика на прекин на насилството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО бара мерки на претпазливост за Дарко…

Основното јавно обвинителство бара мерки на претпазливост…

Две слични сообраќајки вчера: Автомобили се забиле…

Две лица се тешко повредени во слични…

Лукашенко ја поддржува изградбата на втора нуклеарна…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека…

Зеленски ептен оптимист: Украина ќе влезе во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден…

Astra Zeneca призна дека нејзината вакцина може…

Британско-шведската фармацевтска компанија Astra Zeneca објави дека…