Објавено на:

Јапонија: Руски воени бродови поминаа покрај нас, најверојатно носат ново оружје и војници

t

Четири руски воени бродови минале низ теснецот Цугару во североисточна Јапонија во изминатите два дена, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Јапонците веруваат дека Русите можеби превезуваат војници и борбени возила кон Украина.

„Јапонското Министерство за одбрана ќе продолжи внимателно да ја следи оваа ситуација и движењата на руската армија“, објави CNN.

Теснецот Цугару ги поврзува Јапонското Море и Тихиот Океан. Се наоѓа помеѓу двата најголеми острови во Јапонија, Хоншуа и Хокаидо.

Reuters исто така известува дека Јапонија забележала амфибиски воени бродови кои вообичаено се користат за експедитивно слетување. На фотографиите кои ги објави јапонското министерство, додаваат, се гледаат воени камиони.

Овие бродови први ги забележала јапонската поморска единица за самоодбрана. Потоа продолжиле да ги следат додека минувале низ теснецот Цугару. Портпаролот на јапонската војска изјави дека не е невообичаено Русите да минуваат толку блиску до јапонската територија.

Претходно, во разузнавачкиот извештај објавен од британското Министерство за одбрана се вели дека Русија ќе ги премести своите војници дури и од „источните воени области, Пацификот и Ерменија“ поради големите загуби на терен во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…