Објавено на:

Каков резил за Владата: Набавиле нафта од Русија за половина милион евра

t

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви на 4 март додека воениот конфликт во Украина беше во ек, на „Лукоил“ му исплатила 30.000.000 денари, или безмалку половина милион евра за дизел гориво, пренесува Фактор.

Договорот сепак е постигнат на 16 февруари, а „Лукоил“ треба да испорача до 661.880 литри нафта за државните складишта. Ова е најголема исплата на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви кон Лукоил, надминувајќи го досегашниот рекорд со овој трговец во јуни 2013, кога во еден ден му биле исплатени 23.161.630 денари. Со овој набавувач постои и договор за чување и складирање на горивата. Најголем снабдувач годинава на агенцијата е Окта со исплатени 120 милиони денари за дизел гориво во делливата јавна набавка со Лукоил.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи претходно рече дека граѓаните кои се снабдуваат со нафта од руски компании во земјава, индиректно ја финансираат руската армија.

„Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од готови енергетски ресурси. Секако дека со нивното купување се финансира руската армија, таму нема дилема“, нагласи пред една недела Османи.

Пренесува: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја спореди администрацијата на Бајден со…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја спореди…

Потерниците по Зеленски, Пављук и Порошенко се…

Неодамнешниот потег на Русија да ги стави…

Бегалец од штипскиот затвор фатен и вратен…

На 04.05.2024 во 23.50 часот во Штип…

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата…

Измама тешка 25.000 евра во Старата скопска…

На 04.05.2024 во 19:15 часот во СВР…