Страшно: Пронајдено удавено девојче во базен – ова се црните детали

t

Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

– Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство, рече Димоски.

По насока на јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството.

Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.

Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат но безуспешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демографската криза во Македонија се продлабочува, во…

Најмногу деца родени во Скопје, ниту едно…

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН

По повеќемесечната војна и серијата напади низ…

„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…

Нов Зеланд испрати два воени брода низ…

Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…