Ракометна радост: Македонија ја победи Романија
Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со моќен финиш и ја победи Романија со 30-22 во првата бараж пресметка, Филип Талески со десет постигнати голови беше најдобриот ракометар на нашата репрезентација.
Македонија создаде одлична предност против Романија во првиот бараж натпревар, осум голови позитива би требало да бидат доволни за да ги поминеме Романците, но тие не се слаби како што кажува резултатот. Нашата репрезентација отвори одлично, имавме 5-1 и 6-2, но Романија успеа да направи свои серии, и дојде до израмнување 10-10. Сепак успеавме да се одлепиме и на одморот се замина со 16-13 за Македонија. Во вториот дел Македонија дојде и до +5, но Романија повторно се врати. Во 43. минута беше само еден гол разлика за нашата селекција, 21-20. Сепак од тој момент па до крајот на мечот ние постигнавме девет голови, а Романците само два и победивме со убедливи 30-22. Наш најдобар ракометар на овој меч беше Филип Талески кој постигна 10 голови, Лазаров и Филип Кузмановски постигнаа по седум. Реваншот во Романија се игра во сабота. Ако ја сочуваме големата предност ќе дојдеме до последната пречка пред Светското првенство, селекцијата на Чешка.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…
Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…
Во Романија е приведен поранешниот кандидат за…
Поранешниот кандидат за претседател Калин Георгеску е…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…