Објавено на:

“Генијално”: Еди Рама ќе забрани употреба на автомобили во понеделник заради заштеда на гориво?

t

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект”.

Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта”.

– Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем, истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата.

Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила понеделник (21 март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден.

Рама препорача и утрешниот ден да биде без автомобили, а зошто не и вторник, „што значи три дена без автомобили и заштеда на гориво”.

– Тоа е реалната состојба. Растот на цената е неминовен, како и во другите земји, додаде албанскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЛОКИРАНА ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА…

Харвард побара од судијката, Алисон Бароу, да…

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева…

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по…

Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…

Aston Martin го претстави својот нов модел,…

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила…

Од денес, од 14:30 часот, се воведува…

Забрана за камиони воведена и на патниот…

Од 10.40 часот се воведува забрана за…