Попушта браната во Неготино и може да се урне – Стојанче Ангелов на терен констатираше дека браната е нестабилна

t

По пријава од Општина Неготино, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска се наоѓа кај браната „Липа“ и како што самиот увидел, состојбата е сериозна. Браната која претставува насип од камења и земја, на повеќе места во долниот дел протекува и постои опасност од уривање.

Браната била изградена пред педесетина години од страна на земјоделска задруга и практично претставува дива брана, рече Ангелов.

Но сепак, со странска помош пред 7 години браната била реконструирана и тестирана, но сега е нестабилна, рече тој.

„Постои опасност при евентуално посилен дожд дел од браната на попушти и да биде загрозено населението кое живее подолу од акумулацијата или да бидат загрозени луѓето и нивните стада кои тука се напасуваат. Загрозен може да биде и дел од патот во овој крај. Решение мора да најдеме зашто сега акумулацијата е во државна сопственост. Можеби ќе треба акумулацијата да се испразни. Сега состојбата може да ја оцениме како сериозна зашто вода истекува на повеќе места иако до половина има вода“, изјави Ангелов.

Тој рече дека по непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пожар изгоре штала на коњичкиот клуб…

Во пожар изгорела штала од коњички клуб…

Бог да чува: Млад човек се пробол…

Вистинска драма се случувала во кафеана во…

И Кавадарци помага во гаснењето на пожарот…

На координацијата на Градоначалникот на Кавадарци, Митко…

Бидете поажурни и расчистете си ја тревата…

Четврти ден по ред не може да…

Покрај полицискиот и армиски хеликоптер ќе се…

Во моментов не постои директна опасност од…