Објавено на:

Зеленски: Подготвен сум за преговари со Путин, но ако не успеат тоа може да доведе до „Трета светска војна“

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е подготвен да преговара со рускиот колега Владимир Путин, но предупреди дека ако обидите за преговори не успеат, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до „Трета светска војна“.

– Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во изминатите две години. И мислам дека не можеме да ја завршиме оваа војна без преговори, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен.

Украинскиот претседател истакна дека ако постои еден процент шанса да се запре таа „војна“, тогаш треба да ја искористат таа шанса.

– Мораме да го направиме тоа. Ние губиме луѓе секој ден, невини луѓе на теренот, додаде Зеленски.

Тој нагласи дека руските сили дошле, како што рече, „да ги истребат и убијат“ и дека Украина мора да покаже дека е достојна за својот народ и армија.

– Но, за жал, нашето достоинство нема да спаси животи. Така што, мислам дека треба да искористиме каков било формат, секоја шанса за да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин, порача украинскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…