(Видео) Поразително: УКИМ е рангиран на 1944 место според Шангајската листа – пад од 27 места за една година
Во денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, истакна дека поразителните политики во образованието никако да запрат, а како резултат на тоа Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” од Скопје е рангиран на 1944 место на Шангајската листа на универзитети.
Ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
“Почитувани,
Следејќи ги катастрофалните состојби на сите нивоа во државата така и во образованието се случуваат нови порази. Насекаде се предлагаат мерки за олабавување на рестрикциите поради корона кризата, но студентите се уште посетуваат онлајн настава, имаат онлајн вежби и полагаат онлајн испити.
Некои студенти ќе завршат 3 години, што значи ќе се стекнат со диплома без ниту еден ден настава во живо, без развој на односот помеѓу професор, асистент или колега. Исто така, постојат исклучоци односно нема унифицираност на наставата затоа што неколку средни училишта продолжиле со онлајн настава, иако сите други работат со физичко присуство.
Министерот за образование е должен да одговори која е причината зошто има вакви исклучоци?
Дополнително, Министерството треба да одговори дали го следи незаконското постапување на Државниот испитен центар и зошто молчи кога веќе неколку месеци не се организираат испитите за назначување на рсководни кадри во образованието? Дали повторно со ваквиот однос се докажува дека за оваа власт политиката е длабоко вкоренета во образованието?
За крај, потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада видовме и на Шангајската листа каде УКИМ се најде на 1944 место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот. Што се случува, има ли УКИМ воопшто ректор и ќе понесе ли некој одговорност?
Почитувани,
Образованието е столб на државата и образованието е тоа кое обезбедува просперитет. За жал на оваа влада на СДСМ И ДУИ тоа ништо не им значи, низата на лоши политики во образованието никако да запре.” – вели Митева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…
Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…
Србите меѓу земји со најевтина струја во…
Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…
Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…