Објавено на:

Украина обвини: Русите гранатираа училиште – десетици цивили се под урнатините

t

Украина ја обвини Русија за бомбардирање на училиштето во Мариoпол.

Украинските власти ги обвинија руските сили дека погодиле училиште лоцирано во опколениот град Мариoпол. Во објектот се сместени околу 400 цивили, пред се жени, деца и стари лица, соопшти градскиот совет во неделата во објава на Телеграм.

„Вчера руските окупатори фрлија бомби врз уметничкото училиште бр. 12“, тврди Советот. „Се знае дека зградата е уништена, а цивилите се уште се под урнатините.

Советот не го процени бројот на потенцијални жртви кои произлегуваат од наводниот бомбашки напад на училиште. Сеуште не се појавија снимки од местото на настанот кои го потврдуваат тврдењето, додека руската војска молчи за ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…