(Фото) Ѓорѓиевски го одбележа доаѓањето на пролетта со еколошка акција: Заедно со “Не биди ѓубре” исчистен потегот кај “Хемтекс”
Градоначалникот на Општина Кисела Вода денеска беше дел од акција за чистење на ѓубре во Кисела Вода која е организирана во соработка со “Не биди ѓубре”.
Еве што напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук:
“Доаѓањето на пролетта е нова радост и повторно раѓање на природата.А како би се радувале на пролетта ако природата е загадена?
Денес се погриживме за тоа.Заедно со граѓанската иницијатива ,,Не биди ѓубре” предводени од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ, Волонтерски Центар Скопје, сезонските работници, општинската администрација и други доброволци го расчистувавме потегот кај ,,Хемтекс” кај патот од Пинтија за Лисиче.

Се екипиравме над 70 луѓе во една масовна акција за да придонесеме во почиста животна средина.Од ова место, се собраа огромни количини на отпад кој потоа со камиони беше пренесен на депонијата во Дрисла.
Ова до денес место претворено во депонија, сега доби поубав лик, а во иднина ќе се потрудиме да го оплемениме со зеленило, дрвца, пешачка патека бидејќи е често посетувано место од нашите сограѓани.
Денес испраќаме и една силна порака, порака на разум и одговорност!
Чистата животна средина значи и подобро здравје за сите нас и нашите деца. Затоа да ја чуваме, негуваме, да бидеме општествено одговорни и да поттикнеме и подигнеме свеста и кај другите да го променат односот кон природата.

Една е, немаме резервна и колку ќе ја негуваме – таква и ќе имаме. Сакам лично да се заблагодарам на сите кои денес дадоа свој придонес во овој убав настан кој живот значи, посебно до ,,Не биди ѓубре” кои преку своите активности влеваат надеж дека сето ова ќе се промени.

Договоривме и следни активности во подобрувањето на чистотата на животната средина.Ја имаат мојата поддршка и заедно ќе направиме уште многу вакви настани. Да бидеме одговорни, секој нека биде чувар на својата животна средина! – напиша Ѓроѓиевски на Фејсбук.
Линк до објавата: https://www.facebook.com/1OrceGj
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полициска акција во Скопје: За 8 часа…
Полицијата за 8 часа санкционирала 105 возачи…
Левица: Град не се чисти со камери…
Рокот од 72 часа за кој новиот…
Герасимовски: Хигиената во Скопје е катастрофа, Центар…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мециновиќ повика градоначалниците да бидат на готовс:…
Ова што го живееме со ѓубрето се…
Герасимовски го свикува кризниот штаб поради состојбата…
Општина Центар свика кризен штаб поради состојбата…