Објавено на:

Арсовска: Набргу бесплатен автобуски превоз за пензионерите

t

До крајот на месецов пензионерите повторно ќе се возат бесплатно во автобусите од градскиот превоз во Скопје.

И покрај енергетската и економската криза градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од оваа мерка за која од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра кои се префрлени на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот превоз ќе важи во вторник, петок, сабота и недела, како што беше пред да се укине поради заштита од ширење на коронавирусот.

„На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП ‘Скопје‘ кој го затекна претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани“, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банкротираше позната банка во САД!

Проблематичната регионална банка со седиште во Филаделфија,…

Путин нареди воени вежби на тактичко нуклеарно…

Русија денеска соопшти дека ќе одржи воена…

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога…

На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот…

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се…

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј…