Украинското МНР предупредува: Следува хуманитарна катастрофа – недостигаат лекови за 300.000 лица!
Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на околу 300.000 лица од окупираниот град Херсон им снемува храна и медицински материјал и притоа ја обвини Русија дека спречува цивилите да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина.
Портпаролот на украинското Министерство, Олег Николенко, на Твитер напиша дека 300.000 жители на Херсон се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на руската армија.
„Храната и медицинските материјали речиси исчезнаа, но Русија одбива да отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивилите“, напиша Николенко.
Русија засега не ги коментира овие наводи. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…