Објавено на:

Руско МНР: Москва и Киев извршија две размени на затвореници

t

Москва и Киев извршија две размени на затвореници, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Руското министерство за одбрана организира хуманитарни коридори и евакуира цивили од населените места во Украина. Покрај тоа, извршени се и две размени на затвореници меѓу Русија и Украина“, рече Захарова во коментарот објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Таа истакна дека Европската унија ја обвинува Русија дека наводно ги користи бегалците од Украина како уште еден инструмент за притисок, испраќајќи ги во ЕУ.

„Всушност, властите во Киев ја забрануваат евакуацијата во нашата земја и насилно ги испраќаат бегалците на запад. Многу од нив се уште се обидуваат да заминат во Русија, кај своите роднини, но овде земјите од ЕУ, особено Полска, тоа не им го дозволува, тие се држени како заложници прво во Киев, а потоа во Брисел“, рече Захарова.

Захарова нагласи дека ЕУ на никаков начин не влијае на Киев, за украинските националисти да не се кријат зад цивилите како „жив штит“ и да не го блокираат нивниот излез во Русија“. Народниот правобранител за човекови права во Руската Федерација, Татјана Москалкова, на 21 март ја објави првата размена меѓу Русија и Украина – девет руски затвореници за градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…