Премиерот горд: На чекор сме до исполнување на ветувањето за 500 евра просечна плата

t

Владата на СДСМ е на чекор од исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, напиша денеска на  својот фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.

-Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Според податоците на Државниот завод за статистика кои беа објавени денеска, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…