Гир призна: Македонија и Албанија треба што поскоро да ги започнат преговорите со ЕУ

t

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ја реафирмираше позицијата на Унијата дека посакува што е можно поскоро отворање на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ.

– Јасно е дека ние сакаме да видиме отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија што е можно поскоро. Ние ги поздравуваме напорите на Скопје и Софија за решавање на билатералните прашања за тоа се случи набрзо и ние ги охрабруваме да продолжат со овие напори. Се надеваме дека тоа ќе се случи што поскоро или за време на француското претседателство, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир по обраќањето на конференцијата „ЕУ за општините“, запрашан за коментар за откажаната посета на шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на Скопје, која беше најавена за денеска и утре, а во контекст на процесот на проширување и безбедносната конотација што ја добива со кризата во Украина.

На прашањето дали откажаната посета на Генчовска ќе се рефлектирта на односите со Софија и преговорите за надминување на билатералните прашања, министерот за локална самоуправа, Горан Милески рече дека тоа е прашање за шефот на дипломатијата Бујар Османи, но тој смета дека работите на релација со Софија се одвиваат во добар правец.

– Политичкиот дел го води МНР и јас не знам кои се причините за откажувањето на посетата дали е тоа од политичка природа или некоја лична спреченост. Но, во тој дел тоа треба да го каже министерот Османи, бидејќи ние немаме детали на Влада што се преговара во политичкиот дел. Меѓутоа моја оценка е дека работите одат во позитивна насока. Јас сум оптимист дека ќе се постигне договор, бидејќи гледате дека и условите на Бугарија се прилагодуваат на денешницата, бидејќи се бара заштита на бугарското малцинство во Македонија, нема некои прашања кои што го поврзуваат јазикот или историски прашања гледаме дека не се на дневен ред. И тоа е добро, рече Милевски.

Според него, не може преку ноќ да се смени мислењето во Бугарија, меѓутоа смета дека двете влади работат добро на прашањето на затополување на односите и деблокирање на процесот.

– Видовме колку е многу важно да нема некои проблематични точки во Европа кои што може да предизвикаат криза што понатаму би се рефлектирале врз цела Европа. И затоа и влезот во НАТО е нешто позитивно кое што го направи оваа Влада и се надевам дека ќе се надминат проблемите со Бугарија и час поскоро во оваа прва половина за време на француското претседателство ние ќе ги започнеме преговорите, потенцира Милевски.

Тој додаде дека оптимизмот го темели и на решителноста на бугарскиот премиер да се справува со проблемите.

– Решителноста на премиерот на Бугарија која ја декларира во последниот период не само со разрешувањето на нивниот министер кој што одби да ја прогласи инвазијата на Русија кон Украина како таква, апсењето на поранешниот премиер и сите други чекори кои што ги прави, кај мене влеваат надеж дека пресекува работи и дека и овој проблем со Македонија решително ќе го пресече, меѓутоа за тоа треба да изнајдеме заедничко решение. Ние заедно со министерот Бочварски работиме во делот на транспортот, комуникациите, поврзувањето, регионалниот развој и навистина можам да кажам тоа е една успешна соработка. Дел од таа соработка е успешната посета на нашите градоначалници во Бугарија, и ќе има повратна посета на нивните на нашата држава, рече министерот Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…