Милевски: Горд сум на овие момци, не застануваме тука
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по историската победа над Италија во Палермо и пласманот во финалето од баражот за СП во Катар, на официјалната пресконференција по мечот, не штедеше зборови во пофалбите кон нашите репрезентативци.
Популарниот „Сер Боби“ кој ја предводеше генерацијата до 21 година на ЕУРО 2017, сега има шанси за нов историски дострел, со победа над Португалија во вторник да биде првиот селектор на Македонија кој водел репрезентација на сениорско светско првенство.
-Многу сум среќен за оваа победа, горд сум на овие момци. Не беше планот да играме вака и да шутнеме само два пати, но игравме со европскиот првак и да се победи ваква репрезентација не е мала работа. Италија во моментов е најдобра во Европа, Трајковски имаше одлична партија и ја круниса во својот дом со гол. Не застануваме тука, ни следи последниот чекор пред пласман на СП. На добар пат сме да потврдиме дека сме меѓу најдобрите дваесет селекции во Европа, изјави Благоја Милевски.
Македонија во вторник ќе и гостува на Португалија во Порто во финалето од баражот за СП во Катар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…