Масакр во западна Турција, непознато лице уби осум луѓе
Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата.
Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот.
– Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата покраина, соопшти канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар.
Прво биле пронајдени две жени со прострелни рани на патот во селото Јукаритандир. И покрај тоа што биле итно префрлени во болница, двете им подлегнале на повредите.
Уште три тела се пронајдени во селото Кијир, и уште три во селото Ајазини.
Едно лице е пронајдено во критична состојба и е превезено во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…
Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…