(Видео) Стоилковски: Како во иста година Дарко Каевски со директорска плата купил стан и изградил луксузна куќа во Скопје?

t

Денеска од омилено место на младиот милионер, пратеник и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, ќе му поставувам директни прашања: Дали пратеникот и портпарол од СДСМ Дарко Каевски во 2020 година купил стан во Скопје? Дали истата година изградил луксузна хациенда на местото на стара куќа во скопско Волково? Дали има документи за градба на луксузната вила во Волково? Овие прашања денес му ги постави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум стоилковски на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

-Дали хациендата во Волково е изградена на местото коешто во Анкетниот лист е пријавено како градежно НЕИЗГРАДЕНО земјиште во Волково? И последното прашање, како со директорска плата од Агенцијата за Млади и Спорт, тукушто избран пратеник, на 30 години, успева во една година да се стекне со стан во Скопје и да изгради луксузна вила во Волково? СДСМ 5 години се на власт, 5 години во коишто народот осиромаши, цените се дуплирани, државата тоне, а функционери од СДСМ го намножија контото, истакна Стоилковски.

Секој еден ден поминат со СДСМ на власт е поскап од предвремени избори! Додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата учебна година со 300 паралелки помалку…

Македонските училишта во новата учебна година ќе…

Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во…

Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред…

Шест активни пожари низ Македонија

На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…