Тупанчески: Tрошоците за во Палермо ги платив јас од мојата трансакциска сметка
Две компоненти се важи , а тоа е дали јас сум патувал службено за Палермо и втората компонента е кој ги покрил трошоците.Одговорот на првото прашање е „Не, јас не патував службено“, и втората компонента за тоа кој ги плати трошоците: „Tрошоците ги платив јас од моја трансакциска сметка“, вели министерот за правда Никола Тупанчевски за Утрински брифинг.
На прашањето дали бил изненаден од прозивањето на Антикорупциска за неговото патување и присуство во Палермо на фудбалскиот натпревар каде Македонија ја совлада Италија, министерот појанува дека бил шокира.
-Бев шокиран зошто го велам ова тоа, затоашто јас имам коректен однос со многу луѓе тука и како професор. За да се стигне до вистината треба да се слушне и другата страна, вели министерот.
Тупанчески вели дека ниедна законска ни етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар. Тој вели дека владата има етички кодекс во кој меѓу другото се дефинираат патувања на службените лица.
-Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден, вели Тупанчески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…
Велика Сабота – денот меѓу смртта и…
Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден…
121 ГОДИНА ОД СМРТТА: Ќе биде доделена…
Во земјава денеска се одбележуваат 121 година…
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремени врнежи од…
Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно…
Денеска се празнува Велика Сабота
Во светата и Велика Сабота го празнува…