Русија ќе одговори на протерувањето руски дипломати од Македонија: Скопје го жртвува суветенитетот и носи одлуки спротивни на општото расположение
Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Македонија, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Захарова вели дека овој изразито непријателски чекор е продолжување на курсот што го презедоа властите во Македонија пред неколку недели, кој има за цел брзо прекинување на дипломатските односи со Русија.
„Со приклучувањето кон русофобната хистерија иницирана од Западот, Скопје ја потврди подготвеноста без размислување да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки што се спротивни на расположението на општеството и спротивни на основните национални интереси“, се вели во соопштението на портпаролката на МНР.
„Ќе мораме да преземеме соодветни мерки“, додаде таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…