Објавено на:

Макрон денеска телефонски ќе разговара со Путин

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Елисејската палата.

Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, изјави дека Макрон за денеска планира повторно да разговара со Путин.

Лежандре истакна дека се очекува да се разговара за деталите од планираната хуманитарна операција за евакуација на цивили од Мариупол, со помош на Грција и Турција.

Таа додаде дека Франција има намера да ја одржи активна комуникацијата со Русија.

По однос на изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за плановите на Москва да воведе визен режим за државите означени како „непријателски“, Лежандре појасни дека земји-членки на ЕУ се на тој список.

– Во моментов не знаеме каков пристап всушност ќе заземе Русија. Тоа би можело да биде една од мерките за одмазда што Русија претходно ги најави, нагласи портпаролката.

Макрон последен пат беше во посета на Москва на 7 февруари каде се сретна со Путин, а еден ден потоа замина за Киев. Двајцата претседатели од таа средба наваму редовно контактираат телефонски, последен пат разговараа на 22 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција ќе го поддржи Руте за генерален…

Турција го поддржува холандскиот премиер во заминување…

(Видео) Големи антивладини протести во Братислава, Словаците…

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека…

Берлин го повика на разговор рускиот вршител…

Германската Влада денеска соопшти дека го повикала…

„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден…

Вчера во 11.50 часот во Полициската станица…

Азири од Европски фронт: Ќе ги повикаме…

Елми Азири од коалицијата Европски фронт денеска…