Судскиот совет го истражува случајот „Палермо“ и гратисите

t

Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Македонија, информираат од Судскиот совет.

Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста, соопштија од Судски совет.

Од таму додаваат дека во врска со евентуално прекршување на етичките норми во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат предвид.

Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грузискиот премиер до Американците: Јас не ви…

Законот ќе бара од невладините организации и…

Се степале сопруг и сопруга па и…

Вчера во Виница биле приведени сопружниците С.Ѓ.…

Утре и во понеделник сонце, од вторник…

Времeто денеска променливо облачно со повремени врнежи…

Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска…