Од дадениот збор нема отстапки: Ѓорѓиевски денеска асфалтираше во Црниче
Од дадениот збор нема отстапки, започнуваме со градежната офанзива во Кисела Вода, а сето тоа за подобрување на условите за живеење на нашите сограѓани.
Денес започнува последната, финална фаза од санацијата на ул. ,,Рилски Конгрес”, фреквентна улица во населбата Црниче, која освен нејзините жители ја користат и многу други граѓани поради тоа што истата води кон Центар.
На сето ова му претходеше гребење на постоечкиот асфалт и нивелирање на шахтите, а по извршените подготвителни активности се асфалтира на потегот од улицата ,,Банско” до ,,Востаничка”, односно 680 метри од улицата ,,Рилски Конгрес со ширина од 5 метри.
Најавив дека оваа пролет ќе се почувствува почетокот на градежниот бум во поглед на подобрување на инфраструктурата во општината, дека интензивно ќе се работи секаде каде што никој со години не инвестирал.
Нашите жители од сите делови на општината многу скоро ќе ја почувствуваат разликата и ќе добијат поквалитетни услови за живеење, пишува на Фејсбук градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…