(Видео) Голем пожар во Штип: На терен 15 пожарникари, побарана помош од Свети Николе и Кочани

t

Пожар во магацин со детски играчки е пријавен околу 12:30 часот во штипската противпожарна служба.

На терен се четири пожарникарски возила од ТППЕ Штип со 15 пожарникари, а помош е побарана од Свети Николе и Кочани.

-Се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде локализиран. Првичните причини укажуваат дека од надвор дошло запалено ѓубре, па поради ветерот кој е со голема брзина се префрлил во внатрешниот дел, велат од штипската противпожарна единица.

Посочуваат дека поради ветрот потешко се одвива гаснењето на пожар за кој се надеваат дека за брзо време ќе биде локализиран.

Од МВР за Курир велат дека добиле пријава за пожар во магацински простор во штипската населба Три Чешми. До овој момент, полицијата нема добиено пријава за евентуално повредени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џулијан Асанж е прогласен за почесен член…

Здружението на новинари на Република Српска, по…

Ковачевски: СДСМ ги покачи пензиите, платите, успеавме да…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Куче паднало во шахта и ги изгризало…

Денеска паднато куче во шахта ги изгризало…

Ковачевски: Јас сум човек кој не се…

„Јас сум човек кој што не се…