Наместо да спречува крадел: Полицаец и вработен на бензинска фатени во обид да изнесат огромна количина нафта
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М., полициски службеник и Д.Ј., вработен како ракувач на бензинска пумпа.
Пријавени се во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 28.03.2022 се обиделе да изнесат околу 150 литри нафта, но биле спречени во намерата.
Н.М. и Д.Ј. ќе бидат суспендирани од работните места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Нафтата над 117 долари, ОПЕК+ не попушта:…
Седум земји од ОПЕК+ одлучија денеска во…
NBC News: 6,3 милијарди долари украдени од…
Криптоактиви во вредност од околу 6,3 милијарди…
Цената на нафтата падна под 108 долари…
Цената на Брент се спушти под 108…
Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…
Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…