Објавено на:

Зеленски изгуби нерви: Што чекате, затворете го небото над Украина – Руските дијаманти ли ви се поважни?

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се обрати пред белгискиот федерален парламент со истото барање – НАТО да обезбеди затворање на небото над Украина.

Во неговиот воведен говор, Зеленски ја опиша драматичната ситуација во Мариупол каде илјадници Украинци веќе загинаа, многумина се обидуваат да побегнат во услови на блокада на хуманитарните коридори од страна на Русија и затворен пристап до морето.

-Нема храна, нема лекови, нема живот, нема ништо од она што е есенцијално за преживување и покрај тоа не застанува борбата против освојувачите, бранителите на Мариупол имаа избор да го остават градот во рацете на освојувачот, но не го сторија тоа – рече Зеленски.

Но, според него, за да може Украина да продолжи да се бори потребна е зајакната помош.

-Што чекате за да обезбедите затворање на небото? Европејците немаат доволно храброст тоа да го сторат, додека Украина ги дава своите животи за да ја обезбеди сигурноста на Европа – рече Зеленски.

Тој ги критикуваше и оние кои продолжуваат да тргуваат со Русите, вперувајќи го прстот пред сѐ кон трговијата со дијаманти во градот Антверпен.

-За некои, руските дијаманти се поважни, прифаќањето на руските бродови и приходот од тие бродови се поважни – порача Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…