Владата даде позитивно мислење за економскиот план за РКЕ: Бислимовски ќе може да троши 5.500 евра секој ден!
Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница.
За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат највисок износ на расходни во однос на претходните години.
Пратеничката Благица Ласовска потенцира дека и покрај кризата во државата, Владата дала позитивно мислење за финансискиот план на РКЕ, според кој е предвидено ова регулаторно тело дневно да има на располагање околу 5.500 евра.
– РКЕ за 2022 година предвидела да троши за кафе 83 евра на ден. РКЕ предвидела 30 проценти поскапа струја и 39 отсто повеќе за бензин и нафта. Таа предвидела 1.700 евра месечно за одржување на зградата, а објектот е нов, дел од проектот „Скопје 2014“. Како тоа ви се потребни 450.000 денари за печатарски услуги? РКЕ предвидела и четири милиони денари за службени патувања, рече Ласовска, додавајќи дека во државата над 500.000 граѓани живеат со две евра на ден.
Таа упати критика и за работењето на РЕК „Битола“, која го намалила производството на струја за половина.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски реплицирајќи и на Ласовска рече Комисијата набавува струја од слободниот пазар за енергија, каде што цената е зголемена, а со тоа се зголемени и предвидените средства за електрична енергија.
– РКЕ ја регулира цената за домаќинствата и малите потрошувачи и точно е од 1 јануари 2022 година цената на електричната енергија се зголеми за 9,48 отсто. Набавка на електрична енергија на слободен пазар нема никаква врска со регулиран пазар на електрична енергија. Би било добро да не ги мешаме тие две работи. Во однос на одржувањето на зградата, сакам да кажам дека таа нема употребна дозвола. Институциите не дозволуваат да добиеме употребна дозвола, бидејќи зградата е изградена без соодветно сообраќајно решение. Зградата се распаѓа, тече од сите страни вода на секој дожд. Не протекува само кога не врне, вели Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ да соработува за да избегне енергетска…
Економски истражувачи од различни земји ја повикаа…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…
Марија Јаничевска е предложена за директорка на…
Марија Јаничевска е предлог за директорка на…