(Видео) 25 години државата се изживува со стопроцентен воен инвалид од 2001 година!
25 години државата се изживува со стопроцентен воен инвалид од 2001 година. Иако му следува стан согласно закон, човекот најпрво живеел во барака од 30 метри квадратни, за потоа да мора да си замине од таму откако истата е руинирана во поплава.
Иако со години не живее во бараката, за што се известени надлежните органи, државата му наплаќа месечна ќирија, за која му праќа и извршител, по што неговата сметка е блокирана. Согласно Законот за извршување, извршувањата врз примањата на воени и мирновременски воени инвалиди врз основа на инвалиднина, ортопедски додаток и инвалидски додаток, може да се спроведе само за побарувања врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката и тоа до износот од една половина на тоа примање.
Одговорна за ова прашање е Комисијата за домување при Владата на Република Македонија, каде претседател моментално е Александар Николоски, како министер за транспорт и врски. Комисијата треба да побара од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија да најде соодветен стан и да го смести бранителот и воен инвалид од 2001 година. Што ја кочи оваа комисија, не е јасно, особено имајќи предвид дека проблемот не е од сега, туку се влече дваесетина години наназад.
Од Акционерското друштво за Инфомакс велат дека не можат да направат ништо додека Комисијата при Влада не ја заврши својата работа.
– Во врска со поставените прашања, укажуваме дека АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДИССДП) не одлучува по однос на поднесените барања за доделување на станови, ниту учествува во постапката на нивно разгледување и утврдување на приоритети.
Согласно важечката законска и подзаконска регулатива што се однесува на начинот на распределба на становите, целокупната постапка – од прием и разгледување на барањата, утврдување на исполнетост на условите, утврдување на приоритети, па сѐ до донесување на конечни одлуки – е во надлежност на Комисијата за станбени прашања при Владата на Република Северна Македонија.
Во рамки на постапката, АДИССДП до надлежната Комисија доставува информации, односно листи на расположливи (слободни) станови, врз основа на кои Комисијата изготвува решенија за склучување договори за закуп со корисниците. Понатаму, АДИССДП постапува согласно донесените решенија и ја врши нивната реализација.
Оттука, Друштвото не располага со податоци за тоа колку пати конкретното лице има поднесено барање за доделување на стан, дали истото има утврден приоритет, ниту пак има увид во текот и времетраењето на постапката, со оглед дека истите се водат и се следат исклучиво од страна на надлежната Комисија, велат од АСИССДП.
Во продолжение погледнете ја целата сторија и разговорот со сопругата на бранителот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 25 години државата се изживува со…
25 години државата се изживува со стопроцентен…
Левица: Владата да воведе данок на екстра…
Владата да воведе данок на екстра профит…
Филипче испрати писма до ЕУ, вели дека…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во името…
Законот за високо образование оди во Собрание:…
По низа контроверзии и негодувања во јавноста,…
Левица: Велигденската трпеза стана луксуз поради игнорантскиот…
Најавите за ограничување на профитните маржи по…