Митовски: И правосудство и власт и опозиција молчат пред фалс пописот

t

Целиот систем молчи пред фалсификуваниот попис на население, целата ситуација делува дека ни дале однапред напишани бројки кои морале само да бидат прочитани истакна Александар Митовски во своето гостување во „Јади Бурек“.

Тој истакна дека има ситуација во која се забележани милион нерегуларности, а обвинителството не реагира.

-Tи да имаш ситуација во која 130 илјади луѓе ти се ставени во официјална бројка на попис, а не се знаеш кои се што и да ги презентираше како официјална бројка и да имаш пропуст каков што имаш кај лицата кои се изјасниле како муслимани, на пример има изјаснето одредена бројка на муслимани од околу 30 проценти од кои 29 проценти се Албанци. А каде се тука Турци, Роми, Македонци муслимани и да немаш никаква реакција од обвинителство и да рече ова не ти е то, кривично дело правиш.

Тоа што власта го оправдува пописот и неговата релевантност за Митовски не е изненадувачки, но она што изненадува е реакцијата на опозицијата.

-Ние не видовме реакција. Позицијата си ја оправдува статистичката операција, ама ја нема никаде опозицијата со ништо. Во моментов лидерот на опозиција вели дека реакција нема во моментов бидејќи меѓународната е дефокусирана со кризата во Украина. Реакцијата ние ја правиме поради меѓународната или поради сопствениот народ.

Според него опозицијата треба да мобилизира народ и да излезе на улица.

-Опозицијата може да мобилизира народ да излезе на улица и да каже дека ова не важи и да покаже дека ова не го прифаќаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…