Објавено на:

Стапи во сила ултиматумот на Путин

t

Ултиматумот за гас на рускиот претседател Владимир Путин денеска стапи на сила. Според овој ултиматум, сите клиенти ќе треба да го платат рускиот гас во рубљи, од посебни сметки во банка посредник. Во спротивно нивното снабдување со гас ќе биде прекинато.

Според декретот, странските купувачи од списокот на Путин на „непријателските држави“ ќе го префрлат договорениот износ во странска валута на посебна сметка во Гаспромбанк, банката ќе купи рубли во нивно име и ќе ги префрли на друга посебна сметка за да плати гас на Гаспром во рубљи.

Отворањето на специјална сметка „К“ во Газпромбанк не е условено со присуство на претставник на странски купувач, се вели во указот што вчера го потпиша рускиот претседател.

– Доколку плаќањата не се вршат на овој начин, ќе сметаме дека купувачот не ја подмирил својата обврска, со сите последици што следуваат. Никој ништо не ни дава бесплатно, па нема да бидеме ниту добротворна институција – рече Путин.

Веднаш по потпишувањето на ултиматумот, Велика Британија, Германија, Франција и Холандија изјавија дека нема да се согласат со него.

Патем, обидот на Путин да ги принуди западните земји да плаќаат во рубљи ќе го ублажи влијанието на санкциите врз руските девизни резерви и ќе ја зајакне руската валута. Европа трошеше од 200 до 800 милиони евра дневно за руски гас оваа година, а претворањето на толку многу пари во рубли би било огромен поттик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украински дронови трета ноќ по ред…

Во масовен бран напади со украински беспилотни…

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби…

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…

ВЛЕН: Артан Груби е пред правдата, а…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво…

ЈП „Водовод и канализација“ уверува: Скопската вода…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…

Зеленски: Украина никогаш не учествувала во акција…

Украина никогаш не учествувала во операција поврзана…