Објавено на:

Анонимуси ѝм се заканија на западните компании во Русија

t

Хакерите од Анонимус им се заканија на западните компании што продолжуваат со работа во Русија, а дел од нив уверуваат дека веќе се повлекле од земјата, дури и пред хакерската закана.

На интернет беше објавен список со 42 фирми и предупредување дека ако не се повлечат од Русија, компаниите ќе се соочат со кибер напади.

По руската инвазија на Украина, Анонимус ги мобилизираа доброволците со цел да извршат кибер напади на руски јавни институции, како и медиумски куќи, што се под државна контрола. Во неодамнешните обиди, мета беа Руската централна банка и градежната компанија „Ростпроект“ во Русија.

Од Анонимус најавија дека ќе објават 35.000 документи со „тајни договори“, а соопштија и дека ги хакирале мејловите на „Ростпроект“./MИА/.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во Венецуела: Властите обвинуваат хакери од…

Големи немири избиле во главниот град на…

МЕПСО е цел на кибер-напади!

Македонскиот електропреносен оператор, МЕПСО АД Скопје се…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…

Севернокорејски хакери осомничени за хакирање на податоци…

Севернокорејски хакери од групата Кимсуки се осомничени…

Севернокорејските хакери направија хаос во Јужна Кореја

Полицијата на Јужна Кореја денеска соопшти дека…