Ердоган: Се буди надеж за мир – Очекувам средбата Путин – Зеленски да се случи во Истанбул
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави „позитивен пристап“ кон самитот меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.
-Со резултатот од преговорите што се одржаа меѓу делегациите, сега е време двајцата лидери да разговараат меѓу себе за да преземат чекори за разрешување на ќорсокакот поврзан со статусот на Донбас и Крим. Со денешните разговори ќе се дефинира и датум за средба. На овој аргумент се ставаме на располагање да бидеме домаќини на средбата. Зеленски има позитивен пристап, како и Путин во минатото – рече Ердоган.
По вчерашниот разговор со Зеленски, денес тој се слушна и со Путин. Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул.
„Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи за мир. Напоменувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рече дека со организирање на состанок меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат, пренесува Анадолија“, стои во соопштението.
Путин, пак, му се заблагодарил на претседателот Ердоган што беше домаќин на состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина во Истанбул.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…