Орбан и сопругата го остварија гласачкото право
Унгарскиот премиер Виктор Орбан гласаше на парламентарните избори што денеска се одржуваат во оваа земја, а на избирачкото место во Будимпешта се појави во друштво на сопругата Анико Леваи.
Се уште актуелниот унгарски премиер го очекува четвртиот последователен мандат во оваа изборна трка.
Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.
На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.
Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата Обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори.
Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.
Покрај изборите, денеска се одржува и референдум за ЛГБТ образование во училиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…
Голема победа на СНС во Белград: Листата…
Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…
Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…
Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…
Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…