НАТО-ден: Државниот врв заедно со амбасадорката Брнз ќе го одбележуваат денот на НАТО
Евроатлантскиот Совет на Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“.
Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.
На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година, како што соопштија организаторите, посебен фокус на настанот ќе се стави на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.
Најавени се обраќања на претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…
„Во врска со написите на политичката партија…
Путин: Нема оправдување за тоа што му…
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американските…
(Видео) Трамп објави видео од слетувањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку…
Во средината на глобалниот хаос, кои земји…
Во време кога светот е потресен од…
Филипче: Младите не смеат да ги враќаат…
Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на…