Македонија ќе увезува пченица и од Бугарија
Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски доцна синоќа на својот фејсбук профил соопшти дека е договорен увоз на пченица и од Бугарија.
-Доцна вечерва би сакал да ја соопштам и оваа позитивна вест директно од овде, од Берлин. Со мојот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов, договоривме дека од Република Бугарија ќе обезбедиме дополнителни количества на пченица. Заедно со нашите соседи на ваков начин градиме вистинско добрососедство и сплотени многу полесно ќе ја пребродиме и ќе се справиме со постоечката криза, напиша Николовски.
Министерот е во Берлин каде вчера, на покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, учествуваше на министерската конференција во рамки на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.
Претходниот месец беше постигнат договор и со Србија, да ја изземе земјава од забраната за извоз на пченица и други прехранбени суровини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт…
Задолжувања, инфлација, хаос: За првпат имаме полош…
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски –…
Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…
Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…
Ново зголемување на цените на горивата од…
Од Регулаторната комисија за енергетика денеска објавија…
Вучиќ: Правилата повеќе не постојат, САД го…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по седницата…